Одговара Цвете Серафимовски од Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.
Матичен гинеколог не смее да наплаќа ништо од пациентите на коишто тој им е избран како матичен гинеколог. Смее да наплати само доколку пациентот којшто е дојден кај него не е пријавен во системот на здравствено осигурување или не е негов избран пациент. Сите останати прегледи кај матичен гинеколог за избраните пациенти се бесплатни и единствено се наплаќа 40 денари партиципација за земање брис, а тие пари служат за да може да се испрати брисот до установата каде што треба да се направи испитувањето. Сите останати наплаќања се противзаконски и треба да се пријават. Доколку матичниот гинеколог ви наплати тогаш мора да ви даде и фискална сметка според законот од Управата за јавни приходи. Доколку одбива да ви даде фискална сметка тоа треба да го пријавите веднаш во УЈП, затоа што за неиздавање на фискална сметка надлежен е тој орган.
Доколку не ви издаде фискална сметка, тогаш ние како Фонд за здравствено осигурување не можеме да постапиме бидејќи немаме доказ за извршената наплата. Доколку ви издаде фискална сметка тогаш веднаш пријавете го во ФЗОРСМ, во било која од подрачните служби на Фондот низ градовите бидејќи имаме триесет такви, плус централа којашто се наоѓа во Скопје, во близина на Собранието, кај Мајка Тереза и Домот на АРМ. Истата пријава може да се изврши и по е-маил. Адресите се јавно достапни на веб-страницата на Фондот. Адресата на веб-страницата на ФЗОРСМ е fzo.org.mk. Таму можете да ги најдете сите е-маил адреси и службите ги препраќаат прашањата до соодветните надлежни сектори или се јавуваат на телефоните коишто постојано се отворени за контакт со странки. Доколку некој од телефоните на којшто вртите не е достапен, тогаш е-маил адресата е секогаш достапна и тука секогаш може да се упатите. Слободно отворете на веб-страницата и таму ви се достапни сите информации коишто ви се потребни за пријава.