Одговара Оливер Давидовски од Министерството за правда.
Граѓаните од внатрешноста може да се обратат до најблиското подрачно одделение на чија територија имаат живеалиште или престојувалиште. Во Република Македонија постојат 34 одделенија на Министерството за правда речиси и да нема град каде што немаме подрачно одделение. Во таков случај странката се обраќа до подрачното одделение, може да се јави таму за добивање на општи правни совети како и да поднесе барање за секундарна правна помош со цел да биде назначен адвокат при што подрачното одделение по испитување на оправданоста на барањето и испитување на нејзината имотна состојба носи соодветна потврда за одобрување на секундарна правна помош или доколку оцени дека барањето е неоправдано дека странката не ги исполнува законските определени услови во таков случај носи известување за одбивање на секундарна правна помош.