Како е може странец да оствари здравствено осигурување во Македонија за добивање привремен престој ако е невработен, а не е студент?

Одговараат од Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Во системот на здравственото осигурување странците можат да се пријават како:

  • лица со статус на признаен бегалец и лица под супсидијарна заштита,
  • странец кој на територијата на Република Северна Македонија е во работен однос или служба на странски физички и правни лица, меѓународни организации и установи или странски дипломатски и конзуларни претставништва ако со меѓународен договор поинаку не е определено како и
  • странец кој се наоѓа на школување или стручно усовршување во Републиката ако со меѓународен договор поинаку не е определено.