Како гојазноста влијае на крвниот притисок?

Одговара д-р Антонио Антовски од Градската општа болница „8-ми Септември“ – Скопје.

Само по себе гојазноста може да биде причина за зголемен крвен притисок, статистиките викаат дека кај 50 до 60% од пациентите со зголемен крвен притисок токму гојазноста е причина, односно доведува до зголемување на крвниот притисок. Механизмите се повторно исти артериосклерозата, промената на артериите, појава на крутост на артериите, оптеретувањето на срцето со задебелување на мускулот кој што испумпува сега под зголемен притисок. Сето тоа доведува до развој на зголемен крвен притисок кај луѓето со прекумерна тежина.