Како гојазноста влијае врз работата на срцето?

Одговара д-р Антонио Антовски од Градската општа болница „8-ми Септември“ – Скопје.

Како тоа го оптеретува срцето?! Мастите, еден килограм масти и еден килограм мускул е исто. Меѓутоа мускулот е покомпактен зафаќа помалку место  за разлика од мастите кои што зафаќаат поголем волумен и тоа значи поголема прикриеност. Многу повеќе километри на крвни садови кои што вршат дотур на крв во масното ткиво. А, за да крвта се движни низ крвните садови тоа е задача на срцето, пумпата која работи 24/7 без престан постојано. Не е сеедно, дали испумпува крв за 50 килограми мускул или за 50 килограми маст? Кога имаме повеќе масти од тоа што треба, тоа значи повеќе работа на срцето, поголема фреквенција срцето мора побрзо да работи за да ги задоволи потребите и со тек на време доведува до задебелување на мускулот. Како и секој друг мускул во телото којшто мора повеќе да работи за да одговори на барањата на потребите се задебелува.

Исто е со срцевиот мускул, меѓутоа тоа за срцето е контрапродуктивно. Самиот мускул мора да се крвоснабдува, капацитетот на тие крвни садови е ограничен. Кога ќе се надмине има несоодветна крвоснабденост, исхрана на мускулот што доведува со време до слабост на срцето како пумпа. Не е така едноставен проблемот. Не е само механичко оптеретување на срцето, мастите во голема концентрација предизвикуваат други проблеми. Тие предизвикуваат така наречена инсулинска резистенција, односно ефикасноста на инсулинот е намалена што значи дека нашиот панкреас мора да лачи повеќе инсулин да ги задоволи потребите и тоа е еден чекор понатаму во развој на дијабетес односно шеќерна болест. Значи, директно гојазноста доведува до можност на појава на дијабетес. Наталожените масти се причина за една хронична инфламација воспаление во организмот пред сè на крвните садови независно дали се под кожата, дали се наталожени во органите тој ефект таа воспалителна реакција е присутна.

Следниот момент е развојот на артериосклерозата. Тоа воспаление ја стимулира артериосклерозата. Самите масти се тие кои се таложат во крвните садови кои што се основа на артериосклероза. Артериосклерозата пак е мерило за староста на крвните садови, значи не годините, туку состојбата на крвните садови. Имаме возрасни луѓе со добри крвни садови и обратно млади луѓе со промени, стеснување на артериите, доведува до запушување на артериите и појава на инфаркт на срцевиот мускул, па имаме оштетување заради нарушена циркулација значи имаме структурни промени како задебелување, како инфаркт имаме појава на аритмија во една петина од пациентите со атријална фибрилација тоа е најчестата срцева аритмија. Причина за појава на атријалната фибрилација е прекумерната тежина односно вишокот на масти во организмот.