Одговара Мирјанка Алексовска, експерт од областа на трудовото право.
Доколку се работи за решение од Комисијата за оценка за работната способност за скратено работно време треба да се има предвид дека истото е намалено поради намалена работна способност на работникот за 50% врз основа на што работникот се стекнал со право на скратено работно време или прераспределување на друго работно место. Во прашањето не е јасно наведно зошто работникот сака да се откаже од стекнатото право. И затоа доколку работникот сака да се откаже од стекнатото право за скратено работно време треба да поднесе барање до комисијата со цел да не дојде нарушување на здравствената состојба и работната способност на работникот.

