Одговараат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Од инкриминираната храна се земаат три примероци во исто време на ист начин и во исти услови запечатени и прописно обележани за да може да им се обезбеди на операторите да поднесат барање за дополнително стручно мислење. Доколку операторот не се согласува со резултатите се бара вештачење на вториот резултат од анализите на првиот примерок, но ако се различни и првиот примерок тогаш задолжително се прави и трета анализа.