fbpx

Кога треба да се прави гастроскопија?

Одговара проф. д-р Светозар Антовиќ, специјалист по дигестивна хирургија и декан на Медицинскиот факултет при УКИМ.

Гастроскопијата е ендоскопско испитување, меѓутоа ако колоноскопијата е на дебело црево, гастроскопијата е на желудникот. Практично се работи за ист вид на испитување којшто некој го доживуваат пострашно, некој поедноставно. Меѓутоа, повторно за населението да објасниме ако можете да голтнете големо парче на храна низ тие отвори поминува и самата храна. Колку и да изгледа вака језиво на испитувањето реално не е многу инванзивно. Треба да ја прават искусни ендоскописти, бидејќи не е само да ја направите треба она што го гледате да го интерпретирате и искуството тука на клиничарите мислам дека е навистина важно. Треба да ја прават сите пациенти коишто имаат проблеми со голтањето, коишто имаат проблеми со печење и горење во епигастричната регија. Сите пациенти кои што имаат на некој начин намален хемоглобин, односно индиректен знак за крварење и тоа е онаа група на пациенти коишто доколку се јави на преглед можеме рано да ги откриеме, па и карциномите на желудник.