Одговара Татјана Тасевска од Организацијата за заштита на потрошувачи.
Период е на патувања. Во летниот период граѓаните повеќе се движат и треба да знаат кога ќе одат во една туристичка агенција да си побараат туристички аранжман треба да добијат и соодветни документи. Значи, треба да склучат договор со агенцијата каде што точно ќе биде наведено што им нуди агенцијата. Дали има превоз? Каква е категоријата на соба каде што ќе се сместат? Каков е хотелот? Треба да добијат потврда за патување, треба да добијат фискална сметка и на крајот треба да добијат ваучер за престојот таму каде што ќе бидат сместени. Ова е потребно да си го побараат патниците што ќе патуваат, бидејќи тоа се и документите врз основа на кои што можат да реагираат доколку имаат некој проблем.