fbpx

Кои се најчестите причини за прекинување на одобрената бесплатна правна помош?

Одговара Оливер Давидовски од Министерството за правда.

Одобрената бесплатна правна помош во определени ситуации може да биде прекината со акт на министерството. Тоа се најчесто случаи кога самиот барател побарал и немал интерес за водење на постапката и тоа е најчесто по негово барање, писмено образложено барање се доставува. Понатаму, самиот адвокат што е назначен од страна на министерството доколку во текот на постапката утврди дека е нецелисходно понатамошно водење на постапката дека е неоправдано или би било поврзано со поголеми трошоци во таков случај по писмено образложено барање од самиот адвокат министерството може да донесе решение за прекин на веќе одобрената секундарна правна помош. Тука да ја споменам и обврската за соработка на барателот со министерството и со адвокатот доколку во определени случаи и исто така доколку барателот во континуитет и неоправдано не се среќава со адвокатот или не соработува со министерството тоа исто така може да претставува причина за прекин на одобрената секундарна правна помош па и доколку се утврди и дека дал лажни податоци со цел да добие бесплатна правна помош.