Одговара Нермин Теловска од Центарот за говор, слух и глас.
Логопедот е експерт за проблемите во говорот, јазикот и гласот. Но, исто така и за проблемите во учењето, читањето и пишувањето. Кога, треба да дојде? Тоа е одлично прашање. И ќе кажам дека за логопед никогаш не е рано, може да биде доцна. Но, никогаш не е рано. Што значи тоа? Бебето уште кога ќе се роди до петтиот месец мора да ја развие таа социјална-емоционална интеракција со средината, со блиските, со мајката. Тоа ќе почне да се врти на гласот, на говорот на мајката. Се препорачува зборување со бебето, дури ако ги слушнеме психолозите уште одамна кажале дека е потребно мајката уште за време на фетус на бебето да му се обраќа во стомакот, нели уште кога го носи. Значи, за време на бременост да му се пушта одредена музика со одредена фреквенција и да зборува со одреден пријатен мил глас. А, потоа откако ќе се роди бебето секако што повеќе зборување.
Сведоци сме на денешниот начин на живот каде што се повеќе некако се отуѓуваме луѓето и како да некако вербалната комуникација не ни значи, туку комуницираме некако преку дигиталните апарати. Имаат позитивен ефект нели, за многу работи кажавме дека интернетот е еден извор на знаења кои треба да ги користиме, полесно стапување во комуникација. Но, никако не смее тоа да ја замени вербалната комуникација. Од пресудно значење е семејството, што повеќе да му се зборува на бебето. Што повеќе децата да имаат модел говорен жив, жив говорен модел да не бидат оставени сами пред електронските апарати. И сега кажав дека никогаш не е рано за логопед барем тој основен преглед може да се закаже и да со дојде во нашата установа, ако постои било какво сомнение не само за појавата на говорот туку и за недостаток на таа емоционално-социјална интеракција. Што значи тоа? Детето треба да ве следи со поглед да пробува да ве имитира во најраната возраст, да имитира звуци. А, понатаму и да имитира зборови и вежби со рачето.
На година дена детето веќе треба да знае многу поими да ги разбира 50-тина најмногу и да почне барем со неколку зборови со значење да може да ги каже. На три годишна возраст треба веќе говорот да е разбирлив да веќе има формирана реченица. На предшколската возраст веќе треба и фини моторни вештини да се видат кај детето какви се. И еве, апел да ја искористам ова прилика, бидејќи сега децата сè се повеќе на дигитални апарати на телефони и ѝ на компјутери и да не се изгуби можноста да се оствари полниот потенцијал на шаката и прстите. Тоа значи да си играме со нашите деца што повеќе со рацете игри, со пластелени, со боенки, изработка со хартија и до други материјали. Тоа е наш апел од страна на логопедите.