Одговара Златко Обрадовиќ, извршен директор на Патентцентар – Консалтинг АД Скопје.
Правото на трговска марка се однесува на знак во збор, слика, лого или нивна комбинација, кој се користи за означување на одреден производ или услуга. Ваквиот знак помеѓу останатото треба да е дистинктивен, да не претставува генеричен поим за одреден вид на производ или услуга и да се разликува од веќе пријавените или регистрирани трговски марки на територијата на одредена земја. Една од функциите на трговските марки е функцијата за разликување на означениот производ од останатите, следната е означување на потеклото во смисла на идентификација на производителот/давателот на услугата. Времетраењето на заштитата е десет години од поднесувањето на пријавата, со можност за продолжување на важноста за наредни десет години неограничен број пати.