fbpx

Колку чини стерилизацијата на домашни миленици?

Одговара Д-р Жарко Михајлоски од Ветеринарната комора на Република Северна Македонија.

Цената на стерилизацијата на домашните миленици односно кастрацијата и стерилизацијата е одредена со минималниот ценовник којшто Ветеринарната комора на Македонија го донесе пред неколку години. Станува збор за минимален ценовник со кој Комората смета дека секој држател на домашни миленици ќе добие квалитетна услуга за таа цена.

Според минималниот ценовник, кастрацијата на машките единки во зависност од телесната маса на животното од 10 до 40 килограми започнува со цена од 2000, па сѐ до 3500 денари по единка. На истата цена се додава и самата анестезија и евентуалната потреба на стационирање на самиот миленик. Што се однесува до стерилизацијата на женските единки, зборуваме за кучиња од 15 до 40 килограми телесна маса, цената започнува од 2800 денари и е до 4200 денари по единка, на тоа вклучувајќи ја анестезијата и евентуалната потреба од понатамошно третирање на самото животно. Што се однесува до мачките, кастрацијата на мачор е 1500 денари, а стерилизација на мачка е 2500 денари по единка.

Ние знаеме дека на пазарот во зависност од самата состојба и на ветеринарното друштво и желбата да се помогне и да се популаризира мерката, честопати колегите одат и под овие цени иако истите се минимални цени коишто Ветеринарната комора ги пропишала. Но, докторите по ветеринарна медицина секогаш се трудат кон клиентите да имаат еден поекономичен пристап сѐ со цел да се популаризира оваа мерка и да се заштитат животните од понатмошни ризици