Одговара Џеннет Велиу од Министерството за информатичко општество и администрација.
Ние како држава имаме повеќе дата-центри во неколку институции, како на пример во Фондот за здравствено осигурување, Министерството за образование и наука, Министерството за финансии. Меѓутоа се планира да се направи еден заеднички дата-центар којшто ќе биде надлежен за сите институции на територијата на Република Северна Македонија. Во однос на сајбер нападите, како и сите други држави, така и ние сме подложни на секојдневни напади, меѓутоа заштитени сме од тој аспект.