Одговара д-р Антонио Антовски од Градската општа болница „8-ми Септември“ – Скопје.
Процесот на артериосклероза е процес кој тивко се одвива во долг период. Значи, децата не се во ризик за тие години додека растат. Меѓутоа вистината е дека статистиката кажува дека веќе во третата деценија во животот ние веќе го плаќаме данокот на нездравата исхрана, нездравиот начин на живот со манифестирање на артериосклерозата. Видете артериосклерозата се манифестира со проблеми на кардиоваскуларниот систем значи ние не го гледаме тоа. Стануваме свесни со појава на срцев удар, со појава на мозочен удар, со развивање на зголемен крвен притисок, појава на метаболни нарушувања како што е дијабетот. Односно, сега ќе констатираме зголемени концентрации на шеќерот во крвта велиме млада особа да, ама гојзаноста во текот на овие години кога ќе речам две до три децении довела до развој на артериосклерозата.