На кој начин може да се реагира за небезбедна храна до Агенцијата за храна и ветеринарство?

Одговара Оливер Миланов од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Агенцијата за храна и ветеринарство како самостоен орган формиран од Владата на Република Македонија е надлежна за безбедноста на храната и контролата на храната. Ние како институција сме транспарентни во однос на граѓаните. Граѓаните може да реагираат за небезбедна храна и инспекциски надзор до нас. Исто така, иницијативите коишто може да ги поднесат во писмена форма отпечатена форма, може да ги пратат во електронска форма на нашиот мејл [email protected], како и на бесплатната телефонска линија која е десет години 0800 322 22.