fbpx

На што да внимаваме кога купуваме од онлајн продавници?

Одговара Татјана Тасевска од Организацијата на потрошувачите на Македонија.

Како потрошувачи треба да знаеме дека може да купуваме производи онлајн. Меѓутоа точно треба да знаеме каде ги купуваме тие производи. Велиме да за онлајн продажбата, меѓутоа таму каде што станува збор за легални правни субјекти каде што ни испорачуваат фискална сметка или ни доставуваат фактура имате можност да платите со картичка во тој случај доколку имате одредени проблеми ви испорачаат производ којшто не е во ред имате можност да реагирате да го вратите да го смените и да остварите ваше право преку инспекциските служби. Доколку купуваме онлајн на социјалните мрежи од типот на Фејсбук, Инстаграм внимателно треба да погледнеме за кого станува збор, бидејќи доколку не се легални правни лица во тој случај производот којшто ќе ни го испорачаат го плаќаме во кеш не добиваме фискална сметка, тогаш немаме можност да реагираме.