На што треба да внимаваат граѓаните при купување храна?

Одговара Оливер Миланов од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Граѓаните треба да бидат внимателни од каде купуваат храна и како потрошувачи да се грижат за самата храна. Најпрвин треба да знаат да купуваат храна од регистрирани оператори или објекти кои се под контрола и одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Со самото тоа треба да бидат и одговорни граѓани во чувањето и приготвувањето на самата храна.

Категорија: Права на потрошувачи, Безбедност

Тагови: