fbpx

Од што штити МРП вакцината и во колку дози се прима?

Одговара проф. д-р Катарина Ставриќ, специјалист педијатар-имунолог и професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

МРП вакцината штити од три болести. Тоа се морбилите, тоа е рубеолата или сипаницата односно од малата сипаница и од заушки. Тоа се три болести коишто исто така секоја има свое значење и може да остави последици.

Морбилите мислам дека на сите им се добро познати. Имавме епидемија во 2019 година. Тоа е осипно заболување, респираторно заболување. Децата повторно ќе речам малата возраст под пет години заболуваат со пневмонии, со висока температура може да доведе до оштетување на мозочето со конвулзии и типичен осип којшто се јавува по телото. Меѓутоа може и возрасните да заболат од морбили, доколку не се вакцинираат.

Рубеолата е ситна сипаница така позната, можеби не е толку тешка клиничката слика на оваа сипаница. Меѓутоа, она што особено е важно за девојчињата доколку во тек на бременоста, бремената жена се разболе од рубеола нема да има тешка клиничка слика, меѓутоа овој вирус го напаѓа плодот и доаѓа до негово оштетување и сериозни последици на различни органи, значи, срцето, мозокот, нервите и очите. Ова е познат синдром на рубеола. За среќа со воведувањето на вакцината ние веќе престанавме да ги гледаме тие новородени коишто се раѓаат со такви оштетувања. Така да е важна оваа вакцина. Пак би рекла посебно за девојчињата со оглед дека превенираат вакви оштетувања кај плодот кои потоа можат да доведе смрт кај плодот во бременоста или по раѓањето да се роди дете со малформации и тоа на некој начин е терет како за детето така и за семејството.

И третото заболување се зашуките. Ние некаде 2009 година имавме последна епидемија за заушки и оттогаш немало. Меѓутоа, и тоа е заболување коешто поминува со отоци со лимфните јазли, плунковните жлезди отекуваат. Сериозно заболување е затоа што може да дојде и до сериозни последици, а една е воспаление на слушниот нерв. Меѓутоа она што можеби за момчињата е посебно важно може да доведе до појава на стерилитет. Така што затоа сите овие три болести се можеби не толку сериозни како болести, но последиците коишто ги оставаат, коишто можат да ги остават доколку семпрележат е причината зошто е важно да се вакцинираат децата и да се има висок опфат да се превенираат овие епидемии.