fbpx

Поради грешка на фирмата за одржување на зградата морав да платам казна. Каде да се обратам за оштета?

Поради грешка на фирмата за одржување на зградата и покрај платената сметка ми ја блокираа мојата сметка. Фирмата кажа дека е грешка, но јас морав да платам казна. Каде да се обратам за оштета?

Одговара Ангела Шумкоска од Македонското здружение на млади правници.

Бидејќи станува збор за штета претрпена на лице поради грешка на фирма. Лицето може да се обрати до фирмата да бара склучат спогодба врз основа на која ќе се исплати штетата, меѓутоа тоа доколку не е возможно лицето мора да поднесе тужба пред граѓански суд за материјална штета.