Одговара Мирјанка Алексовска, експерт за креирање политики од областа на трудовото право.
Работниот однос помеѓу работникот и работодавачот се заснова со склучување на договор за вработување што треба да биде потпишан од двете страни. Со склучување на договор за вработување и со стапување на работникот на работа, работникот започнува да го остварува правото од работен однос кој што е утврден со закон и колективни договори. Доколку работникот нема склучено договор за вработување со работодавачот во тој случај тој работи незаконски, односно неформално или познато во јавноста како „работа на црно“. Во однос на прашањето на отказен рок со постојните законски прописи предвидено е договорот за вработување работникот и работодавачот да можат да го откажат во законски утврден договорен рок.
Значи, отказниот рок може да постои само во случај кога има потпишан договор за вработување, што не е како во наведениот случај. Доколку работникот работи без договор за вработување го најави своето заминување од работа, а за кој нема склучено договор за вработување во тој случај работодавачот нема основ да бара од работникот да работи дополнителни денови кои денови тој би ги сметал како отказен рок и тоа значи дека тој бара од него и понатаму тој да работи незаконски односно неформално. Она што треба да го знае работникот е при секоја работа со работодавачот треба да има склучено договор.