fbpx

Се прават ли обуки на јавната администрација за зголемување на свеста за сајбер безбедноста?

Одговара Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

Минатата година дел од администрацијата поминала обуки за таканаречена „сајбер хигиена“, коишто биле онлајн обуки и истите ги поминале десетици вработени во јавната администрација. Според коментарите на вработените, не се работи за некое напредно ниво туку за некое најосновно ниво на обука на јавната администрација што значи дека нашата јавна администрација не е доволно подготвена да ги препознае, да ги превенира и да се справува со основни сајбер напади и сајбер инциденти.

Поради тоа, најпрво започнуваме од Министерството за дигитална трансформација каде што веќе направивме анкета со којашто ги сондираме ставовите и мислењата на вработените околу прашањето – за што им е потребна таа заштита. Потоа во втората фаза ќе изработиме план за сертифицирани обуки за вработените да можат да препознаат и да превенираат кога постои некаков напад и дел од нив да знаат да реагираат на овие најосновни обиди или напади. А, секако секторите во Министерството за дигитална трансформација, секторот за сајбер заштита ќе биде оној првичен којшто ќе одговара на поголеми видови инциденти.