fbpx

Што ако ПАП тестот е позитивен?

Одговара проф. д-р Глигор Тофоски од Македонското здружение на гинеколози и опстетричари (МАГО).

Јас претпоставувам дека гледачите ја знаат целата приказна околу ХПВ вирусот, значи тоа е најчесто пренесуваната сексуална инфекција. Значи 85% од луѓето во текот на својот живот ќе добијат ХПВ инфекција. Само 5% од овие што ќе се сретнат со ХПВ вирусот всушност имаат некаква компликација затоа што тој ќе влезе заради послабиот имунитет, заради други фактори кои постојат, заради концентрација на вирусот ќе влезе и ќе направи некакви проблеми. 95% од луѓето кои ќе имаат ХПВ позитивен тест, односно во животот ќе имаат ХПВ инфекција таа ќе ја надминат со сопствените сили, односно во денешно време тој имунитет не е прејак. Затоа и постои ХПВ вакцината. ХПВ вакцината дава многу солиден имунитет значи вие дури и да дојдете во контакт со ХПВ вирусот со имунитетот што го имате стекнато со вакцината ќе може да се изборите со него.

Затоа и реков ХПВ тестот доколку е позитивен автоматски не значи дека тој може да биде индикатор дека веднаш вие имате некој проблем. Можеби во моментот имате само ХПВ инфекција. Меѓутоа знаете дека треба да се следи. Треба да се работи на имунитетот треба да се работи на инфекцијата. Треба да се направат контролни прегледи, доколку само ХПВ тестот е позитивен тој би требало за година дена да се повтори. И да се види дали кај вас постои се уште вирусот или не?