Одговара Пандорче Тренковска Спасовска од Ветеринарната комора на Република Северна Македонија.
Кога станува збор за патување, но и општо треба да се знае дека секој сопственик треба да биде одговорен сопственик и дека според Законот за идентификација и регистрација на домашните миленици секој сопственик треба во период шест месеци од раѓањето на миленикот да изврши обележување или микрочипирање, бидејќи за да добие пасош истовремено животното треба да се обележи тоа се посебни средства за обележување кои имаат пасивна фреквенција и кои што служат само за читање. Со обележувањето се издава официјален документ од Ветеринарната комора или пасош кој што ќе служи како конкретно како документ за идентификација на миленикот, бидејќи во самиот пасош се заведуваат и податоците на сопственикот и податоците на миленикот.
За да може кучето да патува освен пасошот и микрочипирањето треба да прими во првите шест месеци најкасно вакцина против беснило. За што станува збор. Сопствениците треба да патуваат со својот миленик кога кучето е малку помало најрано со 12 недела секој миленик може да прими вакцинација против беснило. После 21 ден треба ако патува миленикот да се извади тој официјален документ, за да може да излезе надвор од сопствената држава. Значи, освен пасош треба животното да биде обележано и да има валидна вакцинација против беснило.