Во кои случаи работникот има право на слободни денови надвор од годишниот одмор?

Одговараат од Министерството за труд и социјална политика.

Работникот има право на платен одмор заради лични семејни околности до седум работни дена за следните случаи:

3 дена за склучување брак;

2 дена за склучување на брак на дете;

2 дена за раѓање или посвојување на дете;

5 дена за смрт на сопружник или дете;

2 дена за смрт на родител, брат сестра;

2 дена за смрт на родител на сопружник;

1 дена за смрт баба или дедо;

3 дена за полагање на стручен или друг испит за потребите на работодавачот,

3 дена за елементарни непогоди.

Работникот може да отсуствува од работа без надомест на плата и придонеси од плата, најдолго 3 месеци во следните случаи: за нега на член на семејство, за изградба или поправка на куќа, за учество на спортски приредби и за учество на конгреси.