fbpx

Во кој рок треба Апелационен суд да донесе и изработи пресуда за зголемување на издршка на дете?

Одговара Зоран Василевски од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Општ рок во кој второстепените судови одлучуваат е три месеци, а во посложени случаи може да се одлучи и во рок од шест месеци. Информации за тоа кој судски број носи предметот и на кој датум им се доставени поднесоците од странките може да се обезбеди на шалтер во суд кај службеникот што ги работи предметите на судечкиот судија додека календарот на судење е објавен на веб страната на основните судови.