fbpx

Аерозагадувањето се мери со застарени мерни станици и краток буџет

Аерозагадувањето се мери со застарени мерни станици и краток буџет

kopce1

Редовно се одржуваат мерните станици за следење на квалитетот на воздухот, на секои две недели, тврдат во Министерството за животна средина, но истовремено признаваат и дека немаат доволно пари за нив.

  • 1-zagaduvanjeto-se-meri-so-zastareni-merni-stanici-1
  • 2-zagaduvanjeto-se-meri-so-zastareni-merni-stanici-2
  • 3-zagaduvanjeto-se-meri-so-zastareni-merni-stanici-3
  • 4-zagaduvanjeto-se-meri-so-zastareni-merni-stanici-4
  • 5-zagaduvanjeto-se-meri-so-zastareni-merni-stanici-5
  • 6-zagaduvanjeto-se-meri-so-zastareni-merni-stanici-6
  • 7-zagaduvanjeto-se-meri-so-zastareni-merni-stanici-7
  • 8-zagaduvanjeto-se-meri-so-zastareni-merni-stanici-8
  • 9-zagaduvanjeto-se-meri-so-zastareni-merni-stanici-9
  • 1-zagaduvanjeto-se-meri-so-zastareni-merni-stanici-1
  • 2-zagaduvanjeto-se-meri-so-zastareni-merni-stanici-2
  • 3-zagaduvanjeto-se-meri-so-zastareni-merni-stanici-3
  • 4-zagaduvanjeto-se-meri-so-zastareni-merni-stanici-4
  • 5-zagaduvanjeto-se-meri-so-zastareni-merni-stanici-5
  • 6-zagaduvanjeto-se-meri-so-zastareni-merni-stanici-6
  • 7-zagaduvanjeto-se-meri-so-zastareni-merni-stanici-7
  • 8-zagaduvanjeto-se-meri-so-zastareni-merni-stanici-8
  • 9-zagaduvanjeto-se-meri-so-zastareni-merni-stanici-9

Од Министерството велат дека во одделението за мониторинг на квалитет на воздухот се вработени двајца сервис-инженери чија задача е да ги одржуваат, сервисираат и калибрираат инструментите во сите мерни станици низ Македонија. - Редовното одржување подразбира промена на потрошните материјали на две недели и истото генерално редовно се запазува. Доколку има проблем во некоја од станиците се спроведува и вонреден сервис. Мораме да напоменеме дека буџетот со кој располага Министерството за одржување на мониторинг-системот не е доволен - велат од Министерството.

Мерна станица „Ректорат“

Парите се проблем за овој систем откако постои. Мерните станици главно се набавувани и се надградуваат со странски пари. Мониторингот почна во 1998 година со четири станици во Скопје како донација од јапонската влада, а потоа се развиваше преку поединечни проекти, што значи дека станиците не се унифицирани. Нова мерна станица чини најмалку 150.000 евра, а министерството, кое има помал буџет и од некои скопски општини, нема простор да размислува за модернизација. За споредба, во 2017 година располагало со 10,2 милиони евра, што е двојно помалку од буџетот на општина Центар - 24,3 милиони евра.

Исто е и со Македонскиот информативен центар за животна средина, во чиј состав е и одделението за мониторинг на воздухот. Лани овој центар имал буџет од 234.000 евра, од кои 17.000 евра биле за поправки и тековно одржување. Оваа сума, според надлежните е недоволна за одделението за мониторинг, кое меѓудругото, ги следи податоците, ги одржува и сервисира станиците и семплерите, врши промена на филтрите и деловите, врши мануелна калибрација на инструментите и др.

Мерната станица „Центар“ е една од петте која мери присуство на ПМ2,5 честички

При смртност на 1.350 лица годишно од загаден воздух, не смее да има сомнеж за веродостојноста на мерењата, но тој се јавува, особено во периодите кога мерните станиците се расипуваат поради дотраеност. Дури и во официјалните документи на самото министерство повеќе пати е нотирано дека инструментите во станиците застаруваат и не се одржуваат. Така, во последната Оценка за квалитет на воздухот од 2017 година, во која е анализиран периодот 2005-2015 се вели: „за да се добиваат веродостојни резултати, опремата мора редовно да се одржува и калибрира, а за жал недостатокот од редовно одржување на инструментите и недостатокот на резервни делови за инструментите кои веќе застаруваат, ја намалува покриеноста со податоците, особено во изминатите неколку години“.

Сè повеќе луѓе користат зашитни маски. Локација: плоштад „Македонија“ - Скопје

Истото го нотираа и државните ревизори, јасно укажувајќи дека дел од мерните станици не работат и нема континуирани мерења, поради што мониторингот се доведува во прашање. Државниот завод за ревизија анализирајќи ја ефикасноста на ресорното министерство (период 2012-2014) констатира и „дека не се обезбедени пари за редовна работа и одржување на мерните станици, ниту пак се обезбедени средства за акредитирање на Централната лабораторија“. Инаку, Централната лабораторија за животна средина до денешен ден не е акредитирана.

zagaduvanjeto se meri so zastareni merni stanici 4
Топлана „Исток“

Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиентниот воздух е составен од 17 мерни станици, од кои две со години не работеа, а годинава ќе биде поставена уште една во Гевгелија со пари од ИПА-програмата. Лани, исто преку ИПА, министерството набави резервни делови за расипаните станици, по што онаа од Мршевци ја дислоцираше во Гостивар во дворот на ОУ „Гоце Делчев“, а станицата Велес1 е поставена во Струмица, во кругот на болницата. Беа набавени и различни типови анализатори, возило и една мобилна мерна станица, која сега е во дворот на ОУ„Живко Брајковски“ во Бутел. Во станиците се мерат концентрациите на главните загадувачи на воздухот: сулфурни и азотни оксиди, озон, јаглерод моноксид, како и ситните честички ПМ10 и ПМ2,5. Последниве честички, ПМ2,5 кои се исклучително опасни, долго време се мереа само во Центар и Карпош, а од неодамна се мерат и во Тетово, Битола и Куманово.

Амбиенталниот воздух во Македонија се мери со 17 мерни станици.
Мерна станица „Природно-математички факултет“ - Скопје

И покрај недостатоците на државниот мониторинг, според него се планираат и се прогласуваат вонредните мерки што ги превземаат властите при прекумерно загадување. Истите податоци се и на мобилната апликација Мој воздух и на други специјализирани веб-страници.

zagaduvanjeto se meri so zastareni merni stanici 6Министерство за животна средина констатира дека недостасуваат пари за редовно одржување на мерните станици

И покрај проширувањето на мрежата со нови мерни станици, повеќе градови ќе останат надвор од државниот мониторинг, како Охрид, Струга, Прилеп, Штип, Крива Паланка, Неготино итн. Од Министерството досега беа категорични дека со постоечкиот број на станици е задоволен европскиот минимум за контрола на квалитетот на воздухот во Македонија, а во градовите каде што нема станици, може да ги постават локалните самоуправи.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии

Новинарка: Соња Христовска Угриновска
Фотографија: Томислав Георгиев