fbpx

Ни требаат прочистувачи на свеста за загадувањето

Ни требаат прочистувачи на свеста за загадувањето

kopce1

Наместо системско решавање на проблемот со загадувањето и воведување ригорозни казни за загадувачите, Град Скопје и дел од скопските општини решија со паушални мерки како што се купување прочистувачи за воздух за училиштата и градинките да придонесат кон намалување на штетното влијание од отровните честички. Колку и да се позитивни овие мерки тие не можат да ја намалат изложеноста на децата на опасноста од загадениот воздух.

Најдобар доказ за тоа се фотографиите и видеото од новото продолжение од фото-серијалот „Скопје гадост ти ќе бидеш“ кои покажуваат дека оџаците чадат и дека оган се пали на отворено буквално од строгиот центар на Скопје до Шуто Оризари. Очигледно е дека на граѓаните и надлежните им треба освестување дека решавањето на проблемот со загадувањето треба да биде приоритет и дека тоа бара ангажман од целото општество.

  • a1
  • a0
  • a
  • ssutka2
  • a3
  • ssutka1
  • ssutka
  • sutka-4
  • sutka-5
  • a1
  • a0
  • a
  • ssutka2
  • a3
  • ssutka1
  • ssutka
  • sutka-4
  • sutka-5
Палење оган на отворено може да се забележи и во близина на Владата и во Шуто Оризари, а кон намалување на загадувањето не помагаат зачадените скари во строгиот центар на градот, ниту пак палењето на дивите депонии

 

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов најави дека ќе бидат поставени вкупно 572 прочистувачи на воздух, односно сите 23 училишта ќе добијат прочистувач на воздух во секоја училница.

-Од денеска па натаму, учениците ќе поминуваат барем една третина од денот во простории со прочистен воздух, особено важно во денови на зголемено загадување на воздухот во градот. Вредноста на прочистувачите е околу 11 милиони денари - рече Шилегов.

Тој додаде дека ученичката популација е движечка сила на општеството и на Скопје и секој чекор вложен во нив е директен влог во иднината. Сепак, Шилегов не кажа што да прават учениците во останатите две третини од денот, а посебно оние што потекнуваат од семејства кои се посиромашни и кои не можат да си дозволат купување прочистувачи.

Сонцето поради згадениот воздух тешко допира до жителите на Шуто Оризари

 

За жал, токму во најсиромашните средини како што е Шуто Оризари и најмногу се користат нееколошки методи на загревање на домовите, се согоруваат гуми, пластика и се што може да гори. Дел од граѓаните согоруваат отпад пред своите домови, што само покажува дека е потребна едукација и мерки кои ќе придонесат да се смени ваквата практика.

Содржините ги изработи Институтот за комуникациски студии.
Видео и фотографија: Томислав Георгиев