fbpx

За жените постои многу повисок стандард на „морал“ и „етички стандарди“ за бавење со политика

Кај жените, споредено со мажите, постои три пати поголема веројатност да бидат жртви на насилство како резултат на нивното активно учество во политиката. Постојат многу различни форми, но причините зад нив сè уште се мистерија за науката. Резултатот е несомнено штетен, бидејќи политичкиот процес ја губи својата репрезентативност, ако се има предвид мислењето дека вклученоста на жените во политиката има поволно влијание кое науката го поврзува со поголемиот степен на смиреност, зголемената емпатија и леснотијата во пронаоѓање компромиси за одредени теми.

За тоа каде најмногу се среќава ова политичко насилство врз жените и како влијае на репрезентативноста и на политичкиот процес воопшто, разговараме со Бојана Јовановска од Институтот за комуникациски студии и Гордан Георгиев од Форумот за разумни политики.

Се чини дека недостасуваат регулаторни тела и механизми кои ќе ги контролираат содржините во медиумите и на социјалните мрежи кога се работи за родово базирано насилство, или постојат но не си ја вршат функцијата?

Јовановска: Онлајн медиумите како промотор на насилство врз жените

Се чини дека за жените постои многу повисок стандард на „морал“ и „етички стандарди“ за бавење со политиката отколку што е тоа случај кај мажите. Оваа го потврдуваат и меѓународни споредбени студии. Од каде овој двоен општествен стандард?

Кога зборуваме за учеството на жените во политиката, ситуацијата во Македонија е далеку од барем пристојна. На што се должи ова? Социјална инерција, несоодветна правна рамка, наследена политичка култура или нешто четврто?

Учеството на жени на највисоките позиции во државата е минимално, а високите извршни позиции се скоро секогаш резервирани за мажи. Ова важи на локално ниво, каде ретко среќаваме жени на позицијата градоначалник/градоначалничка, но и на централно ниво каде сè уште не сме имале жена премиерка или претседателка. На што се должи ова?

Дали квотата од најмалку 30% жени на изборните листи, предвидена со Изборниот законик е доволна, и дали всушност со неа се одредува минимумот. но и максимумот на учество односно дали ги дестимулира партиите да одат над оваа квота и промовираат повеќе жени во политиката?

Од каде да почнеме кога зборуваме за мерки за подобрување на ситуацијата со обата феномени за кои разговараме денес: родово базирано насилство врз жените во политиката и самото учество во политиката?

Целиот поткаст „Жените во(н) политиката“ може да го слушнете тука.

Тагови: