fbpx

Георгиевски: Јавноста ќе се шокира од имињата зад дивоградбите во Охрид

Георгиевски: Јавноста ќе се шокира од имињата зад дивоградбите во Охрид

kopce1

Последната година и пол општина Охрид издала вкупно 919 решенија за легализација. Во овој период кога во просек се легализирале по 50-тина објекти месечно, има и дивоградби на Националниот парк „Галичица“.

Градоначалникот Константин Георгиевски во интервјуто за Само прашај вели дека тоа се барања кои и да не сакале, морале да ги одобрат оти така наложува Законот за легализација на бесправно изградени објекти. Незначителен број одобренија, едвај неколку, се поништени, но нема одговорност за пропустите.

Соочен со силниот притисок од УНЕСКО и извесниот ризик Охрид да го загуби статусот на заштитено светско природно и културно наследство, градоначалникот вели дека за неполн месец ќе го објави регистерот со дивоградби врз основа на недостатоците што ги утврдиле општинските инспектори од 2010-2014 г. Георгиевски очекува „јавноста да се фрапира“ оти во регистерот ќе се прочитаат сопствениците на познати кафулиња, хотели, семејни куќи, чии објекти ќе треба да се уриваат.

Новинар: Соња Петрушевска
Камера: Иван Поповиќ
 

Оваа видео содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии