fbpx

Еко-акцијата на големите и малите од „Песталоци“ урнек за другите училишта

Еко-акцијата на големите и малите од „Песталоци“ урнек за другите училишта

kopce1

  • Eko-akcijata-na-golemite-i-malite-od-Pestaloci-urnek-za-drugite-ucilista-2
  • Eko-akcijata-na-golemite-i-malite-od-Pestaloci-urnek-za-drugite-ucilista-1
  • Eko-akcijata-na-golemite-i-malite-od-Pestaloci-urnek-za-drugite-ucilista-8
  • Eko-akcijata-na-golemite-i-malite-od-Pestaloci-urnek-za-drugite-ucilista-5
  • Eko-akcijata-na-golemite-i-malite-od-Pestaloci-urnek-za-drugite-ucilista-10
  • Eko-akcijata-na-golemite-i-malite-od-Pestaloci-urnek-za-drugite-ucilista-9
  • Eko-akcijata-na-golemite-i-malite-od-Pestaloci-urnek-za-drugite-ucilista-7
  • Eko-akcijata-na-golemite-i-malite-od-Pestaloci-urnek-za-drugite-ucilista-6
  • Eko-akcijata-na-golemite-i-malite-od-Pestaloci-urnek-za-drugite-ucilista-4
  • Eko-akcijata-na-golemite-i-malite-od-Pestaloci-urnek-za-drugite-ucilista-3

Фотографиите се обезбедени од организаторите на акцијата.

Во прекрасна атмосфера ученици, родители и наставници изминатиов викенд покажаа како со заедничка акција за многу кратко време може да се разубави училишниот двор на основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“. Со малку физичка работа, многу забава и меѓусебна едукација големите и малите чистеа, уредуваа и го зазеленија училишниот двор.

Акцијата се спроведе на 30 март на иницијатива на Советот на родители при ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. На волонтерска база родителите сами донесоа сопствен алат, донираа земја, ѓубриво, цветни и зелени садници, како и бои. Во акцијата учествуваа над 100 родители на кои им се придружија околу 150 ученици организирани од своите одделенски наставнички.

„Акцијата е дел од пошироката општествена кампања „Не игнорирај!Реагирај!“ и има за цел со заеднички придонес и вклученост на родителите и децата не само да помогне да се исчисти и уреди училишниот двор, туку и да ги поттикне учениците континуирано да се грижат за просторот во кој го поминуваат својот училишен ден со надеж дека токму тие утре ќе станат активни и одговорни граѓани“, велат организаторите. 

Тие додаваат дела за реализација на акцијата Советот на родители имал силна поддршка од директорката на училиштето и одделенските наставници, кои организирано ги изнеле децата од своите паралелки, а дел од нив и активно се вклучиле во акцијата.

Покрај родителите во акцијата се вклучил и Саша Богдановиќ, градоначалник на општина Центар кој во име на општината донирал 15 садници листопадни дрва.

Големиот одзив и позитивните впечатоци на учесниците во еко-акцијата беше причина преку локалната самоуправа да се поттикне иницијативата на родителите од ова училиште да се прошири и во останатите училишта и ваквите акции да прераснат во своевидна „центарска традиција“.