Судот уште не ослободува погрешно осуден човек иако тужителот ја повлече тужбата, рочиштето е на 16 октомври

Судот уште не ослободува погрешно осуден човек иако тужителот ја повлече тужбата, рочиштето е на 16 октомври

kopce1

sudot ne osloboduva pogresno osuden covekБез матичен број, што е недозволиво по Законот за парнична постапка, Основниот суд Скопје 2 прифатил тужба и пресудил - Зградата на Основниот суд Скопје 2 со споменикот на контроверзната фигура од историјата на ВМРО Андон Ќосето (Фото: СДК.МК)

Адвокатите на Топланата Скопје Север на 15 септември годинава до Основниот суд Скопје 2 испратиле известување дека ја повлекуваат тужбата против Гуте Миленковски од Марино, кој никогаш немал централно парно, а кому МВР и Судот му го замениле идентитетот со друго лице со слично презиме и кој поради таа нивна грешка заврши ни крив ни должен на суд.

Поради замената на идентитетот, Миленковски морал да поднесе приговор до Судот, а пак Граѓанскиот суд за овој приговор закажал рочиште на 16 октомври.

За случајот постапка отвори Народниот правобранител Иџет Мемети.

СУДОТ ОСУДИЛ ПОГРЕШЕН ЧОВЕК И НЕ САКА ДА ЈА ПОВЛЕЧЕ ПРЕСУДАТА

Тужителот Скопје Север ја повлече тужбата, судењето се наближува, а Граѓанскиот суд не кажува како ќе постапи. Дали ќе ја запре постапката, или ќе го одржи судењето на 16 октомври?

„Во врска со вашето прашање, ве известуваме дека на 15.09.2017 година од страна на тужителот преку полномошник,  доставен е поднесок со кој известува дека ја повлекува тужбата и тужбеното барање во целост. По однос на доставениот поднесок од полномошникот на тужителот и приговорот од полномошникот на лицето Г. М., судот ќе се произнесе со одлука согласно одредбите од Законот за парнична постапка“, вели Граѓанскиот суд на прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК.

Во официјалното барање, адвокатите на топланата Скопје Север го информираат судот и дека вистинскиот должник Гуте Милановски во меѓувреме си ги подмирил неплатените сметки за парно. Му укажуваат дека кога судот побарал од МВР адреса на должникот Гуте Милановски од Скопје, МВР до судот испратило адреса на Гуте Миленковски од Марино.

Судот не ја воочил грешката на МВР и тужбата ја доставил до друг човек, место назад во МВР на исправка, му објаснуваат адвокатите на Основниот суд Скопје 2.

Недолжниот човек за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека се разболел од стресови како да докаже дека не живее на адреса во Бутел, дека никогаш не користел парно греење, бидејќи во Марино и нема централно парно, дека некој му го згрешил идентитетот, дека е многу исплашен оти не должи никому, а ќе мора да се суди за да докаже дека не е корисникот на парното што сакала компанијата да го тужи.

Тој е социјален случај кој прима социјална помош и не знае како ќе го плати адвокатот на принудното судење во Основниот суд Скопје 2, за да докаже дека Топланата Скопје Север, Основниот суд Скопје 2 и МВР му го украле идентитетот за да плати сметка за парно која никогаш не ја направил. Оттаму, тужителот Скопје Север, бара од судот на Миленковски да не му наплаќа судски трошоци.

toplana
 Во официјалното барање, адвокатите на
топланата Скопје Север го информираат
судот и дека вистинскиот должник Гуте
Милановски во меѓувреме си ги подмирил
неплатените сметки за парно. Му укажуваат
дека кога судот побарал од МВР адреса на
должникот Гуте Милановски од Скопје, МВР
до судот испратило адреса на Гуте
Миленковски од Марино. Судот не ја воочил
грешката на МВР и тужбата ја доставил до
друг човек, место назад во МВР на исправка,
му објаснуваат адвокатите на Основниот суд
Скопје 2 (Фото: принтскрин од барањето на
Топланата Скопје Север до Судот)

Откако САКАМДАКАЖАМ.МК во август го објави овој случај, адвокатска канцеларија од Скопје понуди бесплатно да го застапува недолжниот Миленковски на суд.

За неплатен поранешен долг, Топланата Скопје север АД во 2010 година во Основниот суд Скопје 2 преку адвокат му поднела тужба на Гуте Милановски од Скопје. На тужбата била наведена само адресата, односно улицата Лазо Трповски и бројот на станот на должникот. Без матичен број, што е недозволиво по Законот за парнична постапка, Основниот суд Скопје 2 ја прифатил оваа тужба. И не само тоа, ја чувал некомплетна неколку години, место да ја врати во Скопје Север АД за да ја уреди и да стави матичен број.

Поминуваат години, Граѓанскиот суд го процесуирал случајот со тужбата без матичен број и донел пресуда, на штета на должникот. Но, место кај должникот Милановски, судскиот извршител пред пет месеци затропал на вратата на Гуте Миленковски, жител на скопското село Марино, Општина Илинден. Таму ниту некогаш имало централно парно, ниту Миленковски некогаш живеел на улицата Лазо Трповски во населбата Скопје Север, кај што бил направен долгот.

Кога му ја врачил судскиот ивршител пресудата, Миленковски шокиран отишил на шалтер во Основниот суд Скопје 2 да укаже дека судот направил грешка со неговиот идентитет, дека никогаш немал стан ни ќе има, дека живее во Марино и таму нема централно парно. Во судот му рекле дека тоа не е нивна работа и ако мисли дека не е лицето на актот за извршување, да си фати адвокат и да си поднесе приговор.

„Со оглед на тоа дека во тужбата од Топланата немало наведено матичен број на тужениот, Основниот суд Скопје 2, место да ја врати на дополнување во компанијата, испратил писмо до МВР и таму прашал за должникот без матичен број. Добил одговор од МВР дека тоа лице е Гуте Миленковски, кое живее во Марино, што е кршење на законот, како од судот, така и од МВР“, вели Зоран Билбиловски, државен советник кај Народниот правобранител.

Кога отишол Миленковски во Основниот суд Скопје 2 да им укаже на грешката и дека  воделе и завршиле непостоечки случај против него, од Граѓанскиот суд му рекле:

„Во Судот ти си заведен дека должиш и ти ќе одговараш. Тоа е тоа“, по што на Миленковски му се слошило на местото.

„Ова не е држава, ние немаме држава!“, вели овој човек со сериозни здравствени проблеми.

Очаен, отишол кај Народниот правобранител Иџет Мемети.

„Во јули, од Топланата Скопје Север побаравме да ја повлечат тужбата. Рекоа дека ќе постапат, дека ќе ја повлечат. Истовремено му пишавме и на Основниот суд Скопје 2 и на претседателот Илир Сулејмани, со барање да ни одговори како го утврдиле идентитетот на должникот воопшто, кога во тужбата нема негов матичен број? Прашавме како судот утврдил дека должник е ова лице од Марино?“, прашува и денеска државниот советник Билбиловски.

Тој е задоволен од реакцијата на Топланата Скопје Север, но вели, се чека судот да стави крај на овој случај полн со одговорност на Основниот суд Скопје 2 и на МВР.

С. ДЕЛЕВСКА

Текстот е првично објавен на www.sdk.mk