Ќе се охрабри ли локалната власт да урива дивограби пред избори?

Ќе се охрабри ли локалната власт да урива дивограби пред избори?

kopce1

Во Тетово цели станбени згради со станови за продажба се нелегално изградени. Никнуваат огромни зданија на згради буквално на секој слободен простор.Тетово продолжува да расте нелегално. Ќе се одважи ли локалната власт да урива пред новите локални избори?

divogradbi naslovna samoprasaj

Тетово е претворено во градилиште. Облаците прашина од работата на машините дополнително го загадуваат и онака концентриртаниот со отрови амбиентален воздух. Списокот на довоградби е долг и утврден од Општината Тетово. Донесени се и решенија за уривање. Но, и порај тоа, две години се чека почетокот на уривањето. За тоа време, многу од бесправно изградените згради веќе се вселени. Неодамна Општината на тендер ја избра фирмата Еуроинвест од Тетово, но багерите ги нема на терен.

Долго време фирмите избегнуваа да учествуваат во потпишување договори со општината или ако веќе потпишале тогаш наоѓаа разни изговори како: „денес немаме машина за работа“ „не е дојден машинистот“ и сл., за да не дојдат во конфликт со луѓето на  кои им се урива објектот.
Вулнет Палоши, универзитетски професор

Кога ги запрашавме дали имаат налог од Општината да започнат со уривање, од Еуроинвест одговорија дека немаат и чекаат на нарачка од општината.

Од Општина Тетово велат дека во процедура е планот уривање на дивоградбите.Од таму соопштија дека не е лесно да се направи планот, бидејќи треба да се направи правилна проценка на објектите, кои не може и не смее да се уриваат, иако се дивоградби, како на пример куќи на семејства кои таму живеат 10-тина и повеќе години. Но, затоа пак ќе биде полесно да се донесе одлука  за објекти кои се изградени на  места, каде во план е да се гради училиште или патен правец од капитално значење за граѓаните на Тетово. Тие објекти без двоумење ќе се урнат.

Товорат е на граѓаните соочени со драстично загаден воздух и градежниот шут.

24. Vizuelizacija

Инаку, од извори кои сакаа да останат анонимни, Канал 77 дознава дека и Министерството за транспорт и врски има тенденција на одолговлекување на одобрување на Деталните урбанистички планови (ДУП), кои општина Тетово ги доставува до нив.

Тетово е град атакуван од луѓе кои не го почитуваат законот за да можат да ги реализираат своите желби.
Вулнет Палоши, универзитетски професор

Професорот на Тетовскиот државен универизтеит (ДУТ), Вулнет Палоши, најголемата одговорност за појавата на дивоградбите ја сносат општинските органи, кои дозволиле појава на дивоградби низ градот. Според Палоши, локалната власт тактизира како се приближуваат новите локални избори.

  • Но, кога веќе оваа појава се случила општинските органи треба истите да ги расчистат и да дадат пример на оние кои во иднина планираат да градат дивоградби што може да им се случи. Во Тетово и ден денес се градат огромни објекти без адекватна документација. Штетите од појавата на овие објекти граѓаните допрва ќе ги чувствуваат затоа што овие објекти нема да може да се расчистат затоа што се капитални објекти.И покрај тоа што фирмата е веќе избрана, општината пред локалните избори тактизира затоа што е тешко уривањето на овие згради, вели Палоши.

Според професорот Вулнет Палоши пред локалните избори, бројот на дивоградби уште помасовно ќе расте, а одговорните заради лични сопствени интереси нема да навлезат во уривање или спречување на дивоградбите.

  • За уривање на дивоградбите правно треба да учествуваат неколку субјекти.Најпрво се бара асистенција на полицијата, затоа што тоа е процедура што не може ад хок одеднаш да се изврши.Полицијата е таа што треба да се подготви и да направи прво своја проценка во кој правец може да настанат проблеми, вели Палоши

Долго време фирмите избегнуваа да учествуваат во потпишување договори со општината или ако веќе потпишале тогаш наоѓаа разни изговори како: „денес немаме машина за работа“ „не е дојден машинистот“ и сл., за да не дојдат во конфликт со луѓето на  кои им се урива објектот.

Рокот за уривање на дивоградбите го одредуваат општинските органи, но во овој предизборен период, според познавачите,  не треба да се очекува дека ќе има такво нешто бидејќи политичарите се борат за лични интереси и мандати. Овој период ќе биде многу тежок за градот и со тешки последици за граѓаните .

Дополнителна компликација снејасните измени во Законот за легализација
Професорот Палоши е на мислење дека за да се делува превентивно, (иако за Тетово е доцна) сепак треба да се предвидат новини во самиот закон и поголем удел треба да има и државата. Поточно, Министерството за транспорт и врски и дел од надлежностите кои ги има општината многу поедноставно ќе биде ако се прфрлат на централно ниво, смета Палоши. Како пример ги посочува соседните држави, каде има посебни државни органи, кои на терен ја вршат работата независно од локалните власти и така расчистувањето на дивоградбите се врши побезболно.

  • За да биде проблемот поголем и државата учествува со измените и нејаснотиите во законот што и’ дава простор да не дојде до сузбивање на овој феномен, да не може да се гради на диво.Тоа се случува и на капитални објекти и во Скопје во еден период со измените на законот се легализираа. Самиот закон за легализација, што се донесе за измени на урбанистичките планови со посебни овластувања на градоначалникот за еден период од шест месеци без процедура која е предвидена (со скратена процедура), овозможи да настане овој феномен не само во Тетово туку и во многу други градови низ Македонија. Тетово е град атакуван од луѓе кои не го почитуваат законот за да можат да ги реализираат своите желби, дециден е Палоши.

Немањето на адекватни Детални урбанистички планови кои ќе одговараат на желбите на граѓаните го прават хаосот со дивоградбите, а толеранцијата и неуривањето на истите, ги доведува во состојба и тие кои сакаат да градат легално да се премислат и тоа да го парват на диво.

Честото менување на регулативата, според познавачите, им даваат храброст на инвеститорите бесправно да градат. Најилустративен е примерот со  Тетово, каде во последниве неколку години се изградени голем број дивоградби, најчесто на државно земјиште.


Автор: Kanal77.mk

Подготовката на овој материјал беше овозможена со поддршка од Британската амбасада во Македонија, во рамките на проектот Зголемена локална транспарентност и отчетност преку квалитетни медиумски содржини. Мислењата и ставовите во овој материјал не секогаш ги одразуваат  мислењата и ставовите на Британската амбасада во Македонија. 

britanska ambasada