Само прашај
Categories
Uncategorized

temp post – predmeti

I am text block. Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.

1. Македонски јазик/Албански јазик/Турски јазик/Српски јазик/Босански јазик од 1 до 9 одделение

1а. Македонски јазик за учениците кои следат настава на друг јазик од 4. до 9. одделение

2. Математика од 1. до 9. одделение

3. Англиски јазик од 1. до 9. одделение

4. Природни науки од 1. до 3. одделение

5. Општество од 1. до 3. одделение

6. Природни науки од 4. до 9. одделение (опфаќа содржини што традиционално припаѓаат на биологијата, физичката географија, хемијата и физиката)

7. Историја и општество од 4. до 9. одделение (опфаќа содржини што традиционално припаѓаат на историјата, општествената географија, граѓанското образование, религиите, етиката)

За Природни науки и за Историја и општество во предметната настава ќе има тимска работа на наставниците, заедничко планирање и оценување со одделна реализација по дисциплините, поврзување и синхронизирање на содржините од секоја дисциплина. Се предвидува една завршна оценка со опис на преференциите на ученикот во додатокот на свидетелството.

8. Техничко образование и информатика од 4. до 9. одделение

9. Музичко образование од 1. до 9. одделение (1 час неделно)

10. Ликовно образование од 1. до 9. одделение (1 час неделно)

Се предвидува вклучување на предметните наставници во 4. и 5. одделение во тандем со одделенскиот по предметите Музичко образование и Ликовно образование

11. Физичко и здравствено образование од 1. до 9. одделение

Слободни изборни предмети (ученикот избира два слободни изборни предмети во текот на една учебна година, еден во прво полугодие, друг во второ полугодие, од листа на слободни изборни предмети утврдена во училиштето). Листата на слободни изборни предмети ја сочинуваат четири категории предмети:

  1. изборни предмети за проширување/продлабочување на наставните содржини од задолжителните наставни предмети (на пример: математичко-логичко резонирање, програмирање, сликање/цртање, историја на културата, сексуално образование);
  2. изборни предмети за поддршка на интереси на учениците што не се дел од наставните предмети (на пример: фотографија, градинарство/хортикултура, театарски работилници, танцување, готвење, вајарство, резбарство, моделарство)
  3. изборни предмети за поддршка на личниот и социјалниот развој на учениците (пример: образование за животни вештини, мултикултурни работилници)
  4. изборни предмети од спортско-рекреативен карактер (пример: фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, пинг-понг, планинарење, јога, пилатес, велосипедизам)

Втор странски јазик

  1. Јазик на заедницата (Со предметот се нуди учење на вториот службен јазик во општината каде што е лоцирано училиштето. Учениците што учат на друг наставен јазик може да го изберат како дополнителен предмет);
  2. Албански јазик (може да се учи како дополнителен изборен предмет);
  3. Јазик и култура на Ромите, Јазик и култура на Власите, Јазик и култура на Бошњаците, Јазик и култура на Турците, Јазик и култура на Србите (На учениците од влашката, ромската, бошњачката, српската и турската зедница училиштето им овозможува да го изучуваат својот јазик и култура како изборен предмет, со добиена согласност од родителите. Учениците кои ќе изберат еден од овие предмети го изучуваат континуирано, како дополнителен предмет).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *