fbpx

‘Јутјуберите’ ги претркаа институциите

‘Јутјуберите’ ги претркаа институциите

Најголемиот дел од децата во нашата земја во просек секојдневно поминуваат по пет часа на интернет, покажува последниот извештај на Агенцијата за електронски комуникации. Толку време на пример е потребно за да стигнете од Скопје до Москва со авион или пак да се искачите и симнете од Водно.

Но за новите генерации, секоја споредба е неспоредлива. Фејсбук, Инстаграм, Јутјуб, Вајбер, Вацап се онлајн можностите кои без размислување се поатрактивни од сѐ останато. Следејќи ги видеата на т.н. инфлуенсери, модели, пејачи или водители, младите имаат и свои вредности кои се сосема поинакви од оние на нивните родители. Дека им е важен ставот и мислењето на познати личности, особено спортисти и пејачи покажа и истражувањето за навиките на корисниците на социјалните мрежи, што лани го спроведе Институтот за комуникациски студии за проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – справување со лажните вести“. Заклучоците од истражувањето потврдуваат дека на високи 75 % од испитаниците од 16-24 години им е важно што мислат јавните личности кои ги следат, а најмногу следат спортисти и пејачи.

Психологот Ана Попризова од скопското средно училиште „Орце Николов“ вели дека ова се нови генерации кои живеат поинаков живот и кои светот се уште ги истражува.

„Дефинитивно ова е т.н. з-генерација која што живее сосема поинаков живот од нас, од нивните родители и секако очекуваме дека ќе биде сосема поинаква генерација. Нивното детство во старт е поинакво од нашето“, вели Попризова.

Експертите од оваа област упатуваат не само на времето поминато онлајн, туку и  што правиме на интернет. Психологот Попризова вели дека и таа се обидела да види што гледаат тинејџерите. „Јас, љубопитна да видам што е тоа јутјуберство, се вклучив и видеото беше следно: две момчиња седат на столици едно наспроти друго, во устата имаат вода и играта се состои во еден момент да се исплукаат еден со друг меѓу себе. И тоа има на пример 50 илјади прегледи од македонска популација“, изненадена е Попризова.

Професорката во истото училиште, Тамара Ќупева, вели дека за некој кој секојдневно има контакт со деца е лесно да се комуницира и да се препознава нивниот свет.

„Самите го наметнуваат тоа бидејќи тие го преживуваат она што се случува таму како нивен реален проблем или проблем од нивниот секојдневен живот. Дискутираат за тие Јутјуб ѕвезди. Дискутираат за новите проблеми со кои тие се соочуваат. Еве меѓу другото, она што сега последно можев да го слушнам токму од нив и да отвориме цела една сериозна дебата на таа тема беше околу проблемот на познатиот јутјубер Џејмс Чарлс кој во три дена изгубил повеќе од 3 милиони следбеници. Инаку се работи за стилист кој што прави видео материјал поврзан со стилизирање, шминка, или изглед на одредени поединци и кој има повеќе од 13 милиони претплатници што всушност го прави ѕвезда. Е сега, вредностите кои што тој ги пренесува веќе влегуваат во зоната на она - што е тоа што е маркетинг, што е тоа што треба да се зборува како влијание врз младите, а од друга страна дали тие можат да го разберат тоа и колку знаат дека зад сето тоа како приказна, всушност се крие една сериозна бизнис активност или акција која треба да ги држи сите под една масовна контрола,“ раскажува Ќупева.

Невидливата граница меѓу користа и ризиците од онлајн животот

На оваа тема се обидовме да добиеме одговори од тројца средношколци од „Орце Николов“. Стефан, Кристина и Емилија велат дека сите имаат Фејбук и Инстаграм профили. На прашањето – што прво би погледнале на телефонот ако сега би го извадиле од џеб,  одговараат:

„Известувањата во статус барот“, вели Стефан. Кристина и Емилија преферираат Инстаграм. „Ќе видам дали има некој нов пост“, вели Кристина. „Ќе проверам пораки на Инстаграм“, се смее Емилија.

Сепак, кога ги прашавме на што користат најмногу време на интернет задоволно почнаа да зборуваат за нивните идоли. Она што речиси секојдневно ги воодушевува.

„Јас повеќе сакам науки и најмногу следам научни достигнувања зашто тие најчесто не се промовираат на телевизија и треба да ги истражиш. Омилен ми е Илон Маск да го следам,“ со задоволство во очите раскажува Емилија.

„Последен пример што навистина ме изненади е Грета Тумберг. Тоа е 16 годишна активистка од Шведска која што се бори за климатските промени и таа дефинитивно со користење на социјалните мрежи направи промена“, вели Стефан.

Интернетот е реалност. Децата не се и не смеат да бидат изолирани од светските трендови кои можат да го олеснат животот, велат професорите. Но колку како општество можеме да ја познаеме границата меѓу корисност и злоупотреба?

Професорката Ќупева вели дека интернетот може да биде исклучително корисен во делот на глобалните акции. Ги поттикнува младите да прават креативни работи. Сепак, според неа, најчесто не се распознава границата помеѓу добрата и лошата страна на интернетот.

„Моментот на видео материјали кои што вметнуваат некакви предизвици кои што децата треба да ги прифатат и да ги надминуваат, а тие често пати се поврзани со самоповредување и влегување во ризични ситуации, бидејќи тие се буквално како во некоја хипноза. За нив светот е токму светот на тие мрежи“, алармира Ќупева.

Ваквите случаи веќе се појавија во нашата земја. Во април годинава имаше пример со момчиња од Битола кои наводно се самоповредиле следејќи игра на интернет.

Одговор на МВР за пријавата за самоповредување на ученици во Битола

„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и Mинистерството за внатрешни работи досега немаат добиено пријава и немаат постапувано по пријава за повредување или самоповредување на малолетници поради содржини на Јутјуб. Единствено, во текот на минатиот месец, директор на едно основно училиште во Битола во СВР Битола доставил барање за отпочнување постапка откако, според пријавата, во училиштето биле забележани појави на самоповредување на ученици. Тогаш, СВР Битола информираше дека со најголема сериозност се постапува по барањето за расчистување на овој случај и дека се преземаат координирани активности со вклучување на стручните педагошки и психолошки служби на училиштата, центарот за социјални работи и здравствените институции.“

Сепак, МВР не одговори дали инцидентот бил инициран од онлајн игра. Освен тоа, не беа доволно гласни за да ја смират паниката кај родителите и училиштата.

Одговор побаравме и од Министерството за труд и социјална политика. Оттаму велат дека може да делуваат само доколку имаат пријава и само тогаш нивните служби постапуваат по случајот. Доколку немаат пријава, не можат да постапуваат.

Од Министерството за образование и наука велат дека системски работат на унапредување на дигиталната писменост, но и дека имаат дополнителни едукативни проекти и активности. Издвојуваат неколку поважни:

„Наставниот предмет Работа со компјутер и основи на програмирање пред неколку години беше трансформиран од изборен во задолжителен предмет во четврто одделенеи, со два часа неделно, а потоа задолжителен и во трето одделение.

Од минатата година заедно со еден телекомуникациски оператор почнавме едиукативен проект Интернетот не е само игра, кликај безбедно, кој има за цел да ја развие свеста за важноста на потребата за безбедно користење на информатичко-комуникациските уреди и услугите на глобалната интернет мрежа.

Дополнително, од март годинава нашата земја е дел од регионалната програма на Британскиот совет Училишта на 21 век која цели кон развој на дигиталните вештини и компјутерската писменост на децата, кон развојот на критичкото размислување и нивно поттикнување за решавање на проблеми преку изнаоѓање на најефикасната и најефективната алтернатива“, наведуваат од МОН.

Спојување на родители-наставници-институции без изговори

Експертите велат дека доколку сакаме интернетот да го употребуваме во наша полза и да ги заштитиме најмладите мора да бидеме брзи и да не импровизираме.

„Нашите институции генерално се однесуваат малку споро или дејствуваат споро за сите сложени процеси и не мислам дека за тоа има оправдување заради тоа што нема втора шанса за да едно дете, еден млад човек го изведете на правиот пат“, вели специјалистот за односи со јавност и дигитална писменост, Бојан Кордалов. Тој вели дека едно од најчестите изговори кои што наставниците, професорите и властите ќе ви го кажат за ова е дека училиштата на пример се соочуваат со многу посериозни проблеми, како што е недостаток на надгледни средства, хигиена, други егзистенционални проблеми. Но тој потенцира дека едно дете има 7, 8, 9 години само еднаш. Едно дете својот раст и развој го поминува само еднаш и независно од тоа дали има доволно креди во училиштата паралелно морате да работите на дигиталната писменост и на едукација на децата како всушност тие да се снајдат во интернет просторот, дополнува Кордалов.

Психологот Попризова упатува апел до родителите.

„Јутјуберите денес се креаторите на јавното мислење на младите. Многу помоќни се отколку кој било родител или кој било образовен систем. А ние многу малку знаеме за нив и многу малку знаеме што сѐ тие можат низ ставови, вредности, идеи да промовираат. Младите се изложени поради мода и привлечност, бидејќи сето тоа е возбудливо, живо, на нешто на што не постои ниту системска, ниту законска регулатива. Јас би сакала да ги повикам и родителите да поразговараат со децата, да видат кои се тие ју-тјубери кои што ги гледаат бидејќи тоа се многу големи бројки на гледаност, многу повеќе од кој било друг медиум“, алармира Попризова.

Општеството мора да биде постојано будно. Алката родители-наставници-институции мора постојано да соработува доколку сакаме ние да го користиме интернетот, а не тој нас, завршува таа.

Каде да пријавите онлајн насилство?

МВР - во најблиската полициска станица или на 192

Министерство за труд и социјална политика- во најблискиот центар за социјални грижи

Дирекција за заштита на личните податоци 02 323 0635

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинарка: Катерина Топалова
Снимател: Борис Каески
Монтажер: Ристо Душковски

‘Јутјуберите’ ги претркаа институциите
Watch the video

‘Јутјуберите’ ги претркаа институциите

kopce1