fbpx

Се тактизира со спорниот ДУП кај „Холидеј Ин“, Обвинителството го проучува случајот

На последната седница на Советот на Општина Центар и покрај очекувањата не беше донесена одлука за суспензија на спорниот детален урбанистички план за локацијата спроти „Холидеј Ин“. Напротив, локалната самоуправа си „купи“ дополнително време, па иако задолжена на крајот на минатата година, сега Комисијата за урбанизам и стручните служби ќе изготвуваат нови стручни елаборати за суспензија, иако овој пат само за делови од спорните детални урбанистички планови.

Градоначалникот Саша Богдановиќ повторно доби задолжение за 20 дена да достави стручни елаборати односно барања за суспензија до Министерството за транспорт и врски. Елаборати требаше да се достават и со задолжението од 25 декември, но до Министерството не пристигна ниту еден.

Se taktizira so sporniot DUP kaj Holidej In Obvinitelstvoto go proucuva slucajot 1Пет месеци се одолговлекуваше со барањето за суспендирање на урбанистичкиот план за локацијата спроти „Холидеј Ин“

Селективна наместо целосна суспензија

Забележително е што според последната одлука на Советот, Општината селективно ќе избира за кои делови од деталните урбанистички планови ќе се бара суспензија.

„Во ваква ситуација доколку дојде до суспензија на детален урбанистички план, негов дел или планска одредба би се нарушиле одредени права и би довело до штетни последици по текот на самите постапки. Станува збор за предмети кои се доделени во надлежност на општина Центар – Скопје со Одлука за вршење на работите за располагање со градежно земјиште сопственост на Република Македонија за Општина Центар („Службен весник на РМ“ бр.234/18)“, се вели во образложението на Советот.

Нејасно е по кои критериуми Општината ќе избира за кои делови од планот ќе се бара суспензија

Се додава дека за голем дел од овие предмети се започнати конкретни судски постапки.

„Дел од нив немаат одобрение за градење, некои се во фаза на раскинување на договорите, некои предмети се во фаза на огласување одобренијата за градење за ништовни, но самите постапка се во фаза на жалби кај второстепени органи или тужби пред управен суд, па задирањето во овие предмети е правно невозможно во оваа фаза. Имајќи го во предвид ова, конкретните постапки кои што се водат мора правосилно да завршат, во спротивно нивно суспендирање во овој момент би значело огромни штети на општината и секако основи за барање надоместок на штета. Од таа причина се појави нужност за донесување на заклучок кој би се однесувал само на негов дел или планска одредба“, пишува во образложението.

Според Јана Белчева – Андреевска, советничка во Општина Центар ваквото решение е спорно бидејќи не се суспендира целиот детален урбанистички план.

„Нема искрени намери за суштинска промена на начинот на урбанизација на Центарот на Скопје. Селективен пристап и определување суспензија на делови од план, а без дефинирани критериуми (како што се параметрите од ГУП користени при мораториумот), ќе остават простор за субјективизам при одлучувањето“, изјави за Дојче Веле поранешната претседателка на Советот, Јана Белчева - Андреевска.

Многу прашања, чудни одговори

На седницата на Советот на Општина Центар се проблематизираше ваквата одлука бидејќи претходно се тврдеше дека веќе има подготвени елаборати за суспензија на спорниот ДУП.

„Дали веќе има изготвени елаборати по заклучокот од декември? Дали ако има елаборати, тие се однесуваат на усогласеност на параметрите на ДУП со ГУП?“, праша советничката Јана Белчева - Андреевска.

„Ќе ви одговориме  написмено“, одговори градоначалникот Богдановиќ.

„Очигледно е дека градоначалникот не сака го спроведе заклучокот од декември“, реагираше Белчева - Андреевска.

На крајот, на предлог на координаторот на советничката група на СДСМ, Јон Фрчковски, Советот реши од елаборатите да се изземат оние катастарски парцели за кои Општината води постапка пред надлежни институции.

„Минатиот заклучок беше премногу општ и недоволно јасен за општината да може да постапува по истиот и градоначалникот, како што и покажа праксата, не можеше да постапи и не постапи по истиот, пред сè за моментот на одговорност од причинување штета онаму каде што нема јавен интерес“, рече советникот Јон Фрчкоски.

Привремено замрзната изградбата на висококатниците?

Општината уверува – Богдановиќ ќе ги достави елаборатите до ресорното Министерство за 20 дена, ќе бидат опфатени сите места за кои Комисијата за урбанизам ќе утврди дека се спорни, па по добиено мислење од Министерството за транспорт и врски, конечната одлука ќе биде на Советот.

„Додека не завршат сите управни постапки, правни процедури, додека целосно не се расчисти случајот со проектот за паркингот спроти „Холидеј Ин“, Општината нема да постапува по управниот акт“

Според Општината, ова значи дека дотогаш нема да издаде дозвола за градба за предвидените деловно-станбени објекти спроти „Холидеј Ин“, иако инвеститорите „МГ Фешн“ и МПЦ веќе имаат поднесено барање за добивање градежна дозвола за првата од предвидените три висококатници.

Иницијативата на ДКСК распределена кај јавен обвинител  

Јавното обвинителство ја доби иницијативата од Државната комисија за спречување на корупцијата за спорниот ДУП која ја опфаќа локацијата спроти хотелот „Холидеј Ин“ во центарот на Скопје. Иако најавена на 22 април, таа дури на 6 мај стигнала до Обвинителството. Надежите за документот што патувал две недели меѓу двете институции се да се открие дали и какви прекршувања на постапката се направени од планерите, вработени во Општина Центар, Град Скопје и Министерството за транспорт и врски за да  се добие ДУП што е спротивен на законските прописи.

„Иницијативата е распределена за работа кај јавен обвинител. По проучување на наводите содржани во иницијативата, јавниот обвинител ќе донесе одлука за понатамошниот тек на постапката“, велат од Јавното обвинителство.

Антикорупционерите се сомневаат дека се извршени злоупотреби на службената положба и овластување кога во 2012 година е донесен ДУП неусогласен со Генералниот урбанистички план. Прстот го вперија кон поранешните градоначалници на Центар, Владимир Тодоровиќ и Андреј Жерновски, потоа раководител на Сектор за урбанизам во Општина Центар во периодот 2012, раководител на Сектор за уредување на просторот во Министерството за транспорт и врски, помошник-раководител на сектор за планирање и уредување на просторот на Град Скопје, планерите и одговорното лице на фирмата ДПУП „Билд“ што го изработиле планот.

Se taktizira so sporniot DUP kaj Holidej In Obvinitelstvoto go proucuva slucajot 2Државната комисија за спречување на корупцијата посочи на повеќе спорни моменти за ДУП—от кој ја опфаќа локацијата спроти „Холидеј Ин“

Според Комисијата, првите ја злоупотребиле службената положба и ги пречекориле границите на службеното овластување и со тоа прибавиле значителна имотна корист за сопствениците на градежната парцела 1.1, фирмите „МГ  Фешн“ и „Обновители“. Планерите, пак, иако знаеле за неусогласеноста на ДУП и ГУП, предвиделе поголема густина на населеност од 500 жители по хектар, спротивно на пропишаното во ГУП.

Спорни моменти

ДУП за градска четврт Ц 08 долго време беше ставен под мораториум. Но, ова не се искористи за да се отстранат аномалиите и пропустите. ДУП-от не е усогласен со повисокиот Генерален урбанистички план на Град Скопје, донесен на 4.12.2012 година со важност до 2022 година. Според направени пресметки, овој ДУП за 8,8 пати ги надминува параметрите на ГУП-от во однос на површината за домување и бројот на жители.

Дозволената густина на население според ГУП-от е 805 жители на хектар, а со ДУП-от се предвидуваат 2.400 жители, доволно за центарот на Скопје да го претвори во еден од најгусто населените делови во светот.

Еден од клучните проблеми со ДУП за оваа локација е што со проектот за изградба на висококатници спроти „Холидеј Ин“ ќе се акумулираат најголем дел од дозволените 1.250 жители со ГУП. Ова значи дека постои опасност жителите на куќите во Ново маало кои се надеваат дека со изградбата на висококатниците ќе им се решат долгогодишните инфраструктурни и имотни проблеми, на крајот да извисат.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии

Новинар: Мартин Пушевски

Повеќе на темата:

Висококатници кај „Холидеј Ин“ по „скратена постапка“

Tuzba vo Strazbur dokolku se dozvoli izgradba na visokokatnici kaj Holidej In intro 150x150

Се тактизира со спорниот ДУП кај „Холидеј Ин“, Обвинителството го проучува случајот

vulgarno profitiranje na smetka na javniot interes 150x150

Новомаалци ќе останат со празни раце со висококатници спроти „Холидеј Ин“

Тужба во Стразбур доколку се дозволи изградба на висококатници кај „Холидеј Ин“

Осмислен простор наместо висококатници кај Холидеј Ин

Намалениот габарит не е оправдување за висококатници кај „Холидеј Ин“

Масовен одзив на петицијата против висококатници кај „Холидеј Ин“

Вулгарно профитирање на сметка на јавниот интерес

 Betonski cudovista - featured

Бетонски чудовишта ќе се градат на 83.000 квадрати спроти „Холидеј Ин“

Gradonacalnikot Sasa Bogdanovic objasnuvase zosto se izdavaat odobrenija za gradenje sred moratorium vo opstina Centar 150x150

Лажна битка за враќање на мораториумот за градење во Центар

Исчезнува последниот слободен простор во строгиот центар на Скопје

Трка за градење во Центар, „бетонизација“ кај „Треска“ и кај „Холидеј ин“

Јана Белчева: „Бирократската магла“ може да го проголта паркот кај „Треска“

Општина Центар може да ја одземе парцелата кај „Холидеј ин“ од МПЦ и Зоран Антиќ

На мораториумот во општина Центар му недостасуваат наводници

Кои се бизнисмените што го градат Скопје и му се радуваат на Уставниот суд?

„Треска“ може да биде запаметена како пресврт за Скопје

Градоначалникот Саша Богдановиќ објаснуваше зошто се издаваат одобренија за градење сред мораториум во општина Центар

Во општина Центар за време на мораториум се гради на 149 хектари