Вештачката интелигенција е најчеста тема за која се зборува секаде, па и во Западниот Балкан. Со цел да се има контрола, Европската Унија усвои регулативи за Законот за дигитални услуги, Законот за дигитални пазари и Законот за вештачка интелигенција. Како земји кои претендираат да станат членки на Унијата, Македонија, како и соседните во регионот, мораат да ги усогласат правилата и законите со оние на ЕУ.
Вештачката интелигенција е реалност, а со цел да се има контрола, Европската Унија усвои регулативи за Законот за дигитални услуги, Законот за дигитални пазари и Законот за вештачка интелигенција, што претставува значајна пресвртница во напорите на Унијата за регулирање на дигиталната сфера.
Потребата за овие регулативи произлезе од брзата еволуција на дигиталниот пејзаж, каде традиционалните закони се „бореа“ да го задржат чекорот со новите предизвици како што се дезинформациите, говорот на омраза и практиките на нелојална конкуренција. Овие регулативи ќе влијаат и врз менување на образовните системи.
Сепак, проблемот ќе остане во неговата имплементација, особено во однос на големите платформи. Сериозна е загриженоста во врска со спроведувањето на цензура и селективно потиснување на одредени информации кои можат да бидат од јавен интерес.
Како земји кои претендираат да станат членки на Унијата, Македонија, како и соседните во регионот, мораат да ги усогласат правилата и законите со оние на ЕУ.
Институтот за комуникациски студии, заедно со Share Фондацијата, направија анализа колку е усогласена регулативата на земјите од Западен Балкан со онаа на ЕУ во областа на дигиталните права и безбедност пред се со Законот за вештачка интелигенција, Законот за дигитални пазари и Законот за дигитални услуги.
Како општ преглед, сегашното ниво на правна усогласеност помеѓу македонското право и трите акти на ЕУ е во најдобар случај спорадично. Поголемиот дел од вистинската усогласеност е резултат на активностите за усогласување на законите во минатото со претходните регулативи на ЕУ (еден пример би била Директивата на ЕУ за електронска трговија). Овој пристап резултира со крпеница од правни инструменти кои често се усогласени со некои од одредбите на овие три акти во духот, но не и во вистинската формулација или формалност.
Од особена важност би било отворањето на политиките на Унијата кои се однесуваат на дигиталната област, бидејќи дигиталните екосистеми на Западен Балкан се суштински поврзани со оние на ЕУ, додека се изоставени од чадорот на дигиталното законодавство на ЕУ и регулативите за платформи.
Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.
Овaa содржина е изработена со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Западен Балкан. Неговата содржина е одговорност само на Институтот за комуникациски студии и не мора да ги одразува ставовите на Фондацијата Отворено општество – Западен Балкан“.