fbpx

Уставниот суд и Судскиот совет намерно остануваат заробени од политичките елити

Веќе три децении судскиот систем бележи едно од најниските нивоа на доверба кај граѓаните. Особено е алармантно кога такво мислење има и за највисоките судски органи, како што е Судскиот совет, особено по последните случувања. За предизвиците со кои се соочуваат судиите, но и правната и судска култура кај зборуваме со Софија Спасова Медарска, судијка во Основниот граѓански суд Скопје, и доц. д-р Денис Прешова, професор по уставно право и политички систем на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Она што го забораваме е дека работата на судиите често е небезбедна. Дали се зачестени случаите на закани? Во работните, економските и корпоративни спорови можеби нема притисок од овој тип или го има помалку, но што е со судијките и судиите кои работат во областа на кривичното право?

Спасова-Медарска: Колку е безбедна судиската работа?

Кога се носеа прописите за медијација намерата беше на тој начин да се растоварат судовите од пренатрупноста со предмети. Но, дали медијацијата и вонсудските спогодби можат да ја подобрат ситуацијата со пренатрупаноста на судовите со предмети?

Спасова-Медарска: За медијацијата и вонсудските спорови

Нашиот менталитет е таков што сите сакаат да докажуваат правдина. И колку да е ниска довербата во судството, сепак секој граѓанин сака судска пресуда. Тоа е еден феномен кога од една страна не им веруваме на судовите, а од друга судовите се преполни со предмети.

Спасова-Медарска: Дали македонските граѓани имаат култура на парничење?

Ако се земе предвид дека формирањето на правната и поспецифично судската култура е долгорочен процес, кои се главните фактори кои влијаеле на формирањето на судската култура кај нас, онаква каква е што е сега? Покрај континуитетот со претходниот систем, влијаат и политичките притисоци, но и напорите на меѓународната заедница судството конечно да се реформира и уреди по европски терк. Што од ова има пресудно значење и најголемо влијание?

Прешова: Што влијае врз судската култура кај нас?

Дали судиите се доволно независни и имаат интегритет да се изборат за подобар рејтинг во општеството од оној каде константно се на дното на довербата кај граѓаните? Имајќи предвид дека Судскиот совет често се доживува како орган кој е задолжен да казнува и врши притисок врз судиите, која би требало да биде неговата вистинска улога?

Прешова: Како Судскиот совет да ги заштити судиите?

Кај нас постои генерална недовербакон институциите. Во однос на судството, дали Уставниот суд ваков каков што е кај нас, може да има улога врз зголемување на довербата?

Прешова: Уставниот суд и недовербата во судството

 

Целиот поткаст под наслов „Криво седи, право суди“ може да го слушнете на овој линк.