Сопругот ми почина пред 19 години. Имам две полнолетни деца кои ја земаа неговата пензија додека се школуваа. Пред неколку години јас останав без работа и прашав во пензиско во Велес дали ми следува семејна пензија и оттаму ми одговорија дека не ми следува зошто не сум ја ставила во мирување, а јас не бев запознаена дека тоа треба да го направам. Дали воопшто ми следува семејна пензија и каде треба да се обратам?
Одговара Лина Несторовска од Македонското здружение на млади правници