Дадена сум на извршител поради неплатен кредит. Дали мора да ја платам каматата?

Одговара Јана Иванова од Македонското здружение на млади правници.

Во договорот за кредит кој го склучува клиентот со банката се пропишуваат условите и начинот на исплата. Со самото потпишување  се смета дека страните се согласиле со напишаното. Главнината претставува главниот долг и договорената камата. Договорената камата е пак она што банката очекува дека ќе го добие по повод давањето на кредитот. Доколку, се пристапи кон неисплаќање по договореното тогаш се активира казнената камата. Доколку доспеаната, но неисплатена камата го достигне износот на главнината тогаш таа престанува да тече, односно казнената камата не може да изнесува повеќе од износот на главнината. Всушност во извршната исправа е запишана крајната сума која должникот треба да ја плати, но меѓутоа таа е поделена. Односно точно се знае кој дел преостанува за исплата на главнината, а која сума претставува казнената камата.