Одговара Мирјанка Алексовска, експерт за креирање политики од областа на трудовото право.
Со потпишување на договор за вработување помеѓу работникот и работодавачот работникот започнува со работа и тоа со денот што е предвиден во договорот за вработување и од тој ден работникот има право на плата. Работодавачот при исплата на платата е должен и има обврска да ги пресмета и уплати придонесите за задолжително социјално осигурување вклучувајќи го придонесот за пензиско и инвалидско осигурување. Со остварување на определен период на пензиски стаж согласно законот работникот се стекнува со право на пензија која висина ќе зависи од обемот на вложените средства начинот на пресметување на пензијата пропишана со закон како и периодот во кој работникот работел односно во колкав обем има вложувано средства во пензискиот систем и понатаму тој продолжува да ја остварува пензијата независно дали остварува други приходи од било која дејност, па вклучувајќи ја и земјоделската дејност.