fbpx

Дали добивањето менструација е поврзано со вакцинирањето против ХПВ вирусот?

Одговара проф. д-р Катарина Ставриќ, специјалист педијатар-имунолог и професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

Не, значи не е поврзано дали девојчето има добиено менструален циклус или нема со примањето на вакцината. Друг еден мит којшто исто така постои е тоа нели ХПВ вакцината влијае на стерилноста кај момчињата. Значи, и тоа е мит. ХПВ инфекцијата сама по себе е ризик којшто може да предизвика стерилитет кај момчињата, напротив ХПВ вакцината не може инфекција да предизвика меѓутоа создава имунолошки одговор кој што ги штити вакцинираните лица од добивање на ХПВ инфекција.