Дали е потребно да има логопедски вежби уште во градинка?

Одговара Нермин Теловска од Центарот за говор, слух и глас.

Така е. Би кажала дека тоа е периодот од две до пет, шест години кога и најважна е улогата на логопедот во детскиот развој на говорот и јазикот. Ние еве може да се пофалиме дека имаме соработка преку Министерството за труд и социјала, имаме соработка и со детски градинки. Ние правиме и превентивни прегледи по детските градинки. Но, исто така и се некои градинки сега повторно склопуваме некои спогодби, договори за меѓусебна соработка, па и наши колеги одат каде што нема логопед или дефектолог за да ги прегледаат дечињата и каде треба да се преземе и да се направи третман.