Одговара Ирена Лазарова од Централниот регистар на Република Северна Македонија
На прашањето дали е задолжителен избор на поле од новата класификација на дејноста при упис на нов правен субјект, одговорот е да. Централен регистар ја имплементираше во своите системи новата Национална класификација на дејности која што започна да се применува од 1 јануари 2025 година при што подносителите на пријавите за упис, како и подносителите на годишни сметки за правните субјекти ги имаат следниве можности. Подносителите за пријави на упис на основање во трговскиот регистар и регистарот на други правни лица потребно е да ја изберат шифра од новата Национална класификација на дејности. Подносителите на годишни сметки за правните субјекти потребно е да изберат поле за главна приходна шифра од новата класификација на дејности и подносителите на пријави за упис на промена кај правните субјекти, онаму каде што се дозволува промената, може да изберат поле од новата Национална класификација на дејности.
За подружниците може да се поднесе пријава за упис на промена со цел да бидат усогласени со новата Национална класификација за дејности. Всушност трговските друштва автоматски со поднесувањето на годишната сметка и нејзино одобрување на главната приходна шифра, веднаш автоматски ќе имаат променето шифра на дејност согласно новата Национална класификација на дејности. За другите правни лица може и би требало да се поднесе за упис на промена се со цел да бидат поусогласени со новата национална класификација, бидејќи истата е усогласена со статистичките класификации на финансиски и економски дејности од Европската Унија и добро е што правните субјекти да бидат поусогласени со истото по однос на дејностите.