fbpx

Дали физичко лице кое било предмет на извршување може да земе кредит по завршување на извршувањето?

Одговара Јана Иванова од Македонското здружение на млади правници.

Не постои законски определен рок во којшто физичко лице не може да крене кредит. Всушност тоа е затоа што банките си имаат своја кредитна политика и свој начин на оценување на ризикот на барателот на кредит и услови за кредитирањето. Всушност постои Македонско кредитно биро чија што работа е прибирање и обработување и споделување на информации за физички и правни лица, односно за нивните финансиски обврски. Исто така се прибираат информации за начинот односно дали се задоцнува со плаќањето, дали и колку се задолжени и така натаму. Така што секоја банка ги проверува овие информации и оценува дали клиентот односно барателот на кредит е кредитоспособен и дали ќе му даде кредит.