fbpx

Дали има и кои се несаканите ефекти од ХПВ вакцината?

Одговара проф. д-р Катарина Ставриќ, специјалист педијатар-имунолог и професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

Како и секоја вакцина и оваа вакцина може да даде несакани реакции коишто се локални од типот на црвенило, на оток, на болка на местото на апликација. Може да имаат некоја малаксалост, може да имаат болки во мускули и зглобови. Меѓутоа сите овие симптоми се само ограничувачки и по неколку дена од примање на вакцината исчезнуваат. Вакцината повеќе од 20 години се користи во светот и не се пријавени сериозни несакани реакции.