fbpx

Дали има ограничување во однос на висината на износот и периодот на договорот на дело што го склучува пензионер со одредена фирма?

Одговара Мирјанка Алексовска, експерт за креирање политики од областа на трудовото право.

Со Законот за работни односи  се дава можност  работодавачот да склучи договор за работа со лице и тоа за работи што се надвор од дејностите на работодавачот како што е вршење на интелектуални услуги или различни видови на услуги коишто не се опфатени во дејноста на работодавачот. При вршењето на ваквите работи работодавачот со лицето кое треба да склучи договор за работа во кој договор треба јасно да биде наведен периодот во кој треба да се извршуваат работите, обемот на работите, висина на надоместокот за извршените работи. Значи, периодот за којшто може да се склучи договорот ќе зависи од природата на работата, а од тоа ќе зависи и висината на надоместокот којшто треба работодавачот да го исплати на лицето коишто ги извршува тие работи и работни задачи.