Одговараат од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Од партиципација ослободени се осигурени лица со попреченост, според прописите за детска заштита и социјална заштита, корисници на гарантирана минимална помош кои се лица неспособни за работа и корисници на вон-семејна заштита, според прописите за социјална заштита, освен за лековите од листата на лекови издадени на рецепт во примарната здравствена заштита и за лекување во странство. За наведените лицата од член 34 од Законот за здравствено осигурување, партиципацијата за горенаведените лица ја надоместува Министерството за социјална политика, демографија и млади. Согласно горенаведеното корисниците на социјалната сигурност за стари лица имаат право да бидат здравствено осигурени, но истите не се ослободени од партиципација за лекување или набавка на лекови.