Дали корисник на старосна пензија може да работи со договор на дело?

Одговара Мирјанка Алексовска, експерт од областа на трудовото право.

Нема пречка и пензионер да работи со договор на дело, доколку таа работа е регулирана согласно закон. Значи за време на било каква активност на пензионер со договор на дело треба да се склучи договор со работодавачот за кое време работникот има право на одреден паричен надоместок за работата која треба да ја реализира на кој износ треба да се плати данок на личен доход во износ од десет посто.