Одговара Мирјанка Алексевска, експерт по трудово право.
Доколку работното место е утврдено како работно место со бенефициран стаж во тој случај работодавачот има обврска да ги плати придонесите за бенефициран стаж. Со самото тоа што се платени придонесите за бенефицираниот стаж работодавачот ќе се стекне со правата кои произлегуваат од бенефицираниот стаж. Меѓутоа доколку истите не се платени работодавачот може да има можност истите да ги плати и покасно, со цел работникот да ги користи правата коишто произлегуваат од бенефицираниот стаж.